ШАРЕНИТЕ ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ, ГРУЕВСКИ НЕ ДАВА ПОДДРШКА ЗА БАРАЊАТА НА ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ, ГРУЕВСКИ НЕ ДАВА ПОДДРШКА ЗА БАРАЊАТА НА ЈАНЕВА

    Шарената револуција денес во 17 часот најави собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред Собранието на Македонија, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој и самиот е обвинет од СЈО рече дека пратеничката група на неговата партија нема да даде поддршка на новите барања на Катица Јанева.

    Денеска е закажана и собраниска седница каде на дневен ред се извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Но, расправата во собраниската Комисија за политички систем за извештајот на СЈО и на јавниот обвинител Зврлевски не е завршена. Сѐ додека не заврши комисиската расправа, извештаите не може да бидат разгледани на собраниска пленарна седница и да бидат усвоени.

    Фото: МЕТА

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е обвинет од СЈО за поттикнување насилство при немирите во општина Центар во 2013 година вчера изјави дека неговата партија нема да даде поддршка на барањата на Јанева од пратениците. (Фото: МЕТА)

    Во повикот објавен на социјалните мрежи стои дека институцијата повторно е под напад на режимските гласноговорници.

    „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, пишува во повикот за собир на Шарената револуција објавен на Фејсбук.

    “Ако ме слуша Основниот суд Скопје 1, кој го одложи судењето за случајот „Пуч“ дури за месец и пол, зашто поротник се разболел, нека го презакаже за први октомври. Спремна сум да дадам воведно излагање“, Јанева во Собранието (Фото: Ѓ. Личовски)

    Јанева во четвртокот побара продолжување на работата на Специјалното обвинителство со продолжување на рокот за истраги, измена на законот за сведоците и приватноста, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија. (Фото: Ѓ. Личовски)

    И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е обвинет од СЈО за поттикнување насилство при немирите во општина Центар во 2013 година вчера изјави дека неговата партија нема да даде поддршка на барањата на Јанева од пратениците. Таа во четвртокот побара продолжување на работата на Специјалното обвинителство со продолжување на рокот за истраги, измена на законот за сведоците и приватноста, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија.

    „Обезбедивме се што беше потребно. Буџет, средства, вработувања, простории, логистика и се она што и беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно усогласени со опозицијата и не сметаме дека има потреба од негово проширување, надградување или правење на некој нов договор“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира