ШАРЕНО И МНР ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНО И МНР ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    „Шарената револуца“ ја погоди и зградата во која е сместено Министерството за надворешни работи (МНР). Демонстрантите фрлаат балони со боја и извикуваат „Нема правда, нема мир“. Столбовите на палатата „Борис Сарафов“, како што е официјалното име на објектот во кој е сместено МНР, се најшарени.

    И покрај тоа што лее дожд и дува ветер демонстрантите не се откажуваат. „Продолжуваме понатаму, не ви се плашиме“, вака им се обрати на демнострантите пред Собранието Петрит Сарачини. „Нема да не скршите, колку повеќе неправди правите толку повеќе не сплотувате“, порача Бранислав Јовановски од Левица. Пред Собрание прв пат на демонстрантите им се обрати политичар. Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ рече „Тие се закануваат со снимање,  ние им порачуваме – слободно снимајте, ја снимате најновата историја на Македонија“.

    „Протестирам за своите деца“, рече пејачката Кристина Арнаудова која вечерва се приклучи на „Шарената револуција“.

    Антивладините демонстранти, на чело со борците, пред Собрание скандираа „Робија, робија“, „Оставка, оставка“. Почна да врне, но дождот не ги поколеба. Сите извадија чадори, па улицата пред Собрание е шарена од чадори. Бројот на демонстранти расте од минута во минута.

    Минувајќи пред Министерството за правда демонстрантите извикуваа „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Уааа“. Засега нема бојадисувања, но протестот е најбучен досега. Балоните со боја се заменети со свирчиња и со труби.

    Сојузот на борци на Македонија е во првите редови на вечерашните демностанции. Тие цело време ја поддржуваат „Шарената револиција“, а вечерва нивни претставници излегоа на улица. Тие денес ја потпишаа платформата „За слободна Македонија“ со опозицијата.

    Демонстрантите тргнаа кон Собранието на Република Македонија. Меѓу нив е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

    Демонстрантите со аплауз ја примија веста за ослободувањето на двајцата членови на Левица кои се едни од најактивните демонстранти. Левичарите Здравко Савески и Владимир Куновски денеска беа приведени од полицијата и однесени пред судија поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов на 13 април вечерта.

    Антивладините демонстранти се собираа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во споредба со саботата, вечерва во договореното време, во 18 часот, се појавија многу поголем број демонстранти. Има и полиција, но во помал број во споредба со претходните денови.

    Демонстрантите, организирани од граѓанската организација „Протестирам“ тринаесет дена бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира