ШЕЌЕРИНСКА НАЈАВИ ДВА КОНКУРСА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ВО 2018

    ШЕЌЕРИНСКА НАЈАВИ ДВА КОНКУРСА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ВО 2018Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес ја посети специјалната единица „Волци“ во Полкот за специјални операции на АРМ во касарната „Илинден“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Два конкурса за прием на професионални војници во АРМ во 2018 и подобрување на условите и средствата за работа, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при посетата на специјалната единица „Волци“ во Полкот за специјални операции на АРМ во касарната „Илинден“.

    „Буџетот за 2018 година кој официјално влезе во собраниска процедура, потврдува дека Владата и јас како министер ќе го реализираме она на што се обврзавме, а тоа е после толку години, да обезбедиме средства за зголемување на платите на сите оние кои се во служба на Армијата на Република Македонија, во износ од десет проценти“, рече Шеќеринска.

    Таа рече дека при реформите во Армијата и одбранат мора да се инсистира на професионални, објективни стандарди.

    „Припадниците на армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање, било на поединци или на политички партии“, рече Шеќеринска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира