СИЛВАНА БОНЕВА ЌЕ МУ ПРАВИ ДРУШТВО НА САМКА ИБРАИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:62:"Скопје,Струмица(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИЛВАНА БОНЕВА ЌЕ МУ ПРАВИ ДРУШТВО НА САМКА ИБРАИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО СЈО

    И членот на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева в понеделник е викната заедно со претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски да даде исказ во СЈО во врска со дела што произлегоа од аудио снимките од  таканаречените бомби – прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Ибраимовски, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е викнат во врска со истражната постапка за изборни измами во ромските средини и за дело дискриминација и омаловажување на етничка заедница.

    Во СЈО одбиваат да одговорат кои лица се викнати на разговор, иако потврдуваат дека имаат испратено покани преку МВР до повеќе сегашни и поранешни функционери, но нема да кажуваат детали заради тајноста на предистражната постапка.

    Силвана Бонева денеска не одговори на неколку повици на телефон, ниту на смс-пораката со нашето прашање дали е повикана да даде исказ во СЈО и дали знае за кој случај треба да сведочи.

    Во бомбите за изборните измами, меѓу другото, имаше разговор меѓу Силвана Бонева, која тогаш беше пратеничка и кандидат за градоначалник на Струмица и Никола Груевски во кој таа му укажува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Славе Гошев ги рекетира фирмите во Струмица на средина на изборната кампања.

    „Рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. И многу лошо тоа се одрази на самата кампања. Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…“, вели Бонева, на што Груевски прашува: „Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми“, а Бонева одговара: „Со сѐ. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за зимање пари. Со сѐ и сешто“..

    Славе Гошев во Струмица се слуша и во разговор со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, каде што тој се фали дека не е како Силвана Бонева и добро ги менаџира изборите во Струмица во ромските средини, а Јанкулоска по затворањето на избирачките места го советува да не запишуваат записници и „некое ливче нека снема“.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во понеделникот соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

    „Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори.“, соопшти Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира