СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД СО „СИНОФАРМ“ И „СИНОВАК“ ТРЕТА ДОЗА ДА ПРИМАТ 3 МЕСЕЦИ ПО РЕВАКЦИНАЦИЈАТА, ОДЛУЧИ НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

    СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД СО „СИНОФАРМ“ И „СИНОВАК“ ТРЕТА ДОЗА ДА ПРИМАТ 3 МЕСЕЦИ ПО РЕВАКЦИНАЦИЈАТА, ОДЛУЧИ НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈАВакцинацијата со трета доза е со вакцина на „Фајзер“ и е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. (Фото: СДК.МК)

    Сите кои се вакцинирани и ревакцинирани против ковид-19 со вакцините на „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинацијата, препорача денеска Националниот комитет за имунизација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на „Фајзер“ и е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата.

    За оние кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да прими после поминати 6 месеци од ревакцинацијата.

    Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, зашто само само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречиме ширење на мутации на коронавирусот.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира