СЈО БАРА МЕРКА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ГРУЕВСКИ ВО ПРЕДМЕТОТ „ТНТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО БАРА МЕРКА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ГРУЕВСКИ ВО ПРЕДМЕТОТ „ТНТ“

    Сите истраги и предистражни постапки што ги почна Специјалното обвинителство пред амнестијата на 56-те политичари и нивни помошници од страна на претседателот Ѓорге Иванов, продолжуваат кај што застанале. Врз основа на сомневањата за делата кои ги извршиле, за секој од нив ќе бидат преземани соодветни истражни мерки, соопшти СЈО.

    Специјалното обвинителство ги добило од претседателот Ѓорге Иванов одлуките за поништување на сите 56 помилувања. Но, тој сѐ уште не му одговара на Обвинителството од каде му се листите на сведоци до кои тој некако дошол и побрза да ги помилува, за да може СЈО да ги користи во постапките. Еден од нив беше и сега покојниот Коста Крпач.

    Обвинителството вели дека има само една одлука од Основниот суд Скопје 1 за запирање на постапка, а тоа е судењето за “Пуч“, кај што се обвинети лидерот на СДСМ Зоран Заев и ексразузнавачот Зоран Верушевски. Но, СЈО, наведува специјалната обвинителка Катица Јанева во соопштението, поднело предлог до Апелациониот суд Скопје да се укине тоа решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје и кривичната постапка за “Пуч“ да продолжи.

    За предметот во јавноста познат како “ТНТ“, каде е осомничен и експремиерот Никола Груевски, има наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, за кои биле поднесени  предлози за определување мерка за претпазливост против нив.

    За предметот „Титаник“, каде главни осомничени се ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, истражната постапка продолжува против сите осомничени лица. За “Тортура“ , пак, поднесени се предлози за определување мерка за претпазливост против шест лица поради постоење наосновано сомнение за сторено кривично дело – мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од член 142 став 1 вв чл. 22 од Кривичниот законик.

    Во врска со предметот во јавноста познат како “Тврдина“, за уништување на израелската опрема во МВР, СЈО поднело предлог за мерка притвор против едно лице како и предлог за определување на мерки за претпазливост против четири лица.

    За предметот “Транспортер“, пак, во кој главен осомничен е битолскиот градоначалник Владимир Талески, како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК, сослушувањето е во тек. За него е побарана мерка притвор.

    “По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сѐ уште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“, наведува специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари