СЈО ДЕНЕС СО „ШПИОН“ ПРВПАТ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ДЕНЕС СО „ШПИОН“ ПРВПАТ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА

    Во Апелациониот суд Скопје утрово почнува судскиот процес по жалба на 18-темина обвинети и осудени од случајот „Шпиoн“, за кривични дела шпионажа, злосторничко здружување, измама, уцена и прикривање. Обвинението ќе го застапува Специјалното јавно обвинителство, кое по одлука на Апелациониот суд ја презеде надлежноста за овој случај од Обвинителството за организиран криминал на Марко Зврлевски и на Јован Илиевски.

    Ова е прво застапување на обвиниение од СЈО пред второстепен суд. СЈО досега неколку пати ги одложи јавните седници за предметот „Шпион“ пред Скопска апелација, барајќи време да ги разгледаат доказите.

    Во овој предмет опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, поранешни полициски службеници, ексдиректорот на Управата за борба против перење пари, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

    Судењето за „Шпион“ заврши на почетокот на октомври 2014 година, со објавување на пресудата. Првообвинетиот Марјан Ефремов беше осуден 15-годишна затворска казна, другите беа осудени на казни од една до девет години, дел од обвинетите се по година и пол, па и две во притвор, еден од обвинетите почина, а тие кои добија затворски казни до 3 години, до правосилност на пресудата се на слобода. Предметот повеќе од две години е пред Апелацискиот суд, но уште нема одлука за него.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари