СЈО ИМА САМО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПОРАДИ ТРИМЕСЕЧНАТА БЛОКАДА ОД АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ, ОДГОВОРИ ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ИМА САМО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПОРАДИ ТРИМЕСЕЧНАТА БЛОКАДА ОД АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ, ОДГОВОРИ ЈАНЕВА

    Аболицијата на 56-темина осомничени функционери, нивни помошници и сведоци до чии имиња дошол претседателот Ѓорге Иванов и бавниот одговор од институциите на барањата и прашањата кои ги испраќа Специјалното јавно обвинителство се причината поради која СЈО за една година работење има поднесено само два обвинителни предлога, им одговори синоќа Јанева на пратениците членови на Комисијата за политички систем, на првиот ден од расправата за шестмесечниот извештај за работата на СЈО. Нејзе претходно ова прашање ѝ го постави пратеникот од опозицијата Петре Шилегов. Расправата за извештајот на СЈО продолжува денеска, а следна точка на дневниот ред на Комисијата е годишниот извештај на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

    „Би требало да ви кажам дека три месеци воопшто не можевме да постапуваме по ниту еден предмет поради несаканите аболиции од претседателот. Добро се сеќавам на неговата изјава, иако сакам да ја заборавам. Тој рече дека сè што ние ќе направиме ќе биде помилувано. Оттука доаѓа малиот број случаи на СЈО. Исто така, би требало да ви кажам дека барам повеќе време затоа што предистражните постапки траат долго. Одговорите што ги чекаме од институциите не стигнуваат навреме“, рече Јанева.

    На предлогот на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски место продолжување на рокот за истрагите од 18 месеци, Јанева да се засили со повеќе обвинители, таа му одговори дека дозвола за нови јавни обвинители СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието.

    За малиот број преслушани материјали, пак, кои првин таа мора да ги филтрира од приватни разговори, а потоа да им ги даде колегите да ги чујат и истражат, специјалната обвинителка објасни дека толку малку материјали досега се преслушани, затоа што СЈО работело во лоши услови.

    Таа рече дека најдобра соработка има со Министерството за правда, а полоша со Советот на јавни обвинители, Јавното обвинителство и со судовите.

    На пратеникот Рафиз Алити од ДУИ, Јанева му одговори дека случаите „Монструм“, „Сопот“, „Немири во Ѓорче Петров“ и останатите, СЈО не може воопшто да ги добие на увид, а не да побараат надлежност. Таа ја повтори својата изјава дека овој собраниски состав не е легитимен, но овојпат објасни зошто:

    „Околу легитимноста на Собранието, би сакала да кажам дека според прислушуваните разговори, има сериозни индиции според кои доведени се во прашање изборите од 2011 до 2014 година“, рече таа.

    Димовски и колегите од партијата на ова и кажаа дека ако таа не верува дека Собранието има легитимитет, „треба да се повлече и да си даде оставка, а СЈО да ги врати парите што ги одобри токму ова Собрание“.

    „Немам намера да се повлечам, ниту да дадам оставка. Јас не се плашам од никој“, возврати таа.

    Пратениците од владејачката партија не престанаа цел ден да ѝ се смеат, да ѝ упаѓаат во збор и да ја обвинуваат Јанева дека работи за СДСМ, на штета на ВМРО-ДПМНЕ. Само пратеникот, лекарот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ во тие моменти беше кавалер и во непријатната ситуација само тој стана од клупите, зеде шише вода, и го подаде на Јанева.

    „Гледам се смеете на интервјуто  на Јанева на МРТВ. А знаете само кој од вас се смее? Само тие што се плашат дека ќе бидат викнати на интервју кај неа“, реагираше пратеникот Шилегов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира