СЈО СО ИСТРАГИ ЗА МИЛОШОСКИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ОПШТИНСКИ ИМОТ И ЗА СЛУЧАЈОТ „АКТОР“

    СЈО СО ИСТРАГИ ЗА МИЛОШОСКИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ОПШТИНСКИ ИМОТ И ЗА СЛУЧАЈОТ „АКТОР“Специјалната обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Покрај истрагата за пропаднатиот попис во 2011 година, Специјалното јавно обвинителство денеска презентираше уште две истраги, „Моќник“ за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и за злоупотреби при изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица.

    Во случајот „Моќник“ Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица, вклучувајќи ги и таткото на пратеникот и поранешен градоначалникот на Општина Македонски брод. Како што кажа специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција, во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања

    Поранешниот премиер Никола Груевски и бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се осомничени во третата истрага, поврзана со грчката компанија „Актор‘, која што го гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Фетаи рече дека тендерот бил добиен со злоупотреба на постапката за јавна набавка, а има сомнежи и за перење на пари. Груевски и Јанакиески се осомничени дека во 2012 година кога се оценувале понудите за тендери, наместо да биде избран понудувач од Италија, ги поттикнале службениците службените лица од министерство од транспорт и врски да го фаворизираат „Актор“ со што ова правно лице му биле овозможено да прибави противправна значителна имотна корист во износ од 480.412.974,00 денари.

    СЈО на почетокот на денешната прес-конференција соопшти дека отворило истрага против поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети, кои се осомничени дека намерно го прекинале пописот во 2011 година и со тоа ја оштетиле државата за 175 милиони денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари