СЈО ЌЕ ОБЖАЛИ ШТО ПАСОШОТ НА БЕТИ НЕ Е ОДЗЕМЕН, А ТАА ДО СУДОТ СЕ ЖАЛИ ОД ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ЌЕ ОБЖАЛИ ШТО ПАСОШОТ НА БЕТИ НЕ Е ОДЗЕМЕН, А ТАА ДО СУДОТ СЕ ЖАЛИ ОД ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе ја обжали денешната одлука на судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, која го одби барањето за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска како неосновано, потврди СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК. Министерката е првоосомничена во случајот на СЈО „Тендери“, во кој Специјалното обвинителтво истражува како министерката наместила тендер во корист на „Бетон Штип“ за доизградба на Музејот на ВМРО и ја оштетила државата за околу милион евра.

    Во меѓувреме, Канческа-Милевска до Судот поднела жалба поради незаконитост на дејствијата од доказната постапка. Таа се жали на законитоста, всушност на судската наредба со која се земени доказите, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Судот. Министерката тоа го најави уште на нејзината прес-конференција, на која час и пол читаше документи во врска со тендерот за кој е осомничена дека сторила криминал.

    Од СЈО денес потврдија дека првоосомничената поднела таква жалба, но и дека веднаш бил подготвен одговор до Основниот суд Скопје 1 во врска со жалбата.

    Покрај првоосомничената министерка за култура Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство. СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да биде распишан тендер, на 20 јуни 2011 година таа на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека, да гради, оти условите за тендерот Министерството ги мести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.

    По распитот во Судот во петокот, за мерката одземање на пасошот, Канческа-Милевска изјави дека станува збор за политички театар на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира