СЈО МОЖЕ ПАК ДА БАРА ПРИТВОР ЗА ЈАНАКИЕСКИ И ЈАНКУЛОВСКА КАКО ДА НЕМАЛО АБОЛИЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО МОЖЕ ПАК ДА БАРА ПРИТВОР ЗА ЈАНАКИЕСКИ И ЈАНКУЛОВСКА КАКО ДА НЕМАЛО АБОЛИЦИЈА

    Специјалното јавно обвинителство вели дека се уште ги нема добиено решенијата од Претседателот Иванов за повлекување на  на аболицијата за сите 56 помилувани од 12 април. „По нивното добивање и заземање став ќе бидете благовремено известени“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК вчера од СЈО на прашањето дали ова обвинителство ќе ги обнови барањата за мерките притвор од пред 12 април.

    „Реобновувањето на постапките зависи само од Специјалното обвинителство, кое сега е на потег и треба да каже од каде ќе продолжи и дали ќе остане на барањата за притвор за кои судот не се изјасни“, вели академик Владо Камбовски

    „Реобновувањето на постапките зависи само од Специјалното обвинителство, кое сега е на потег и треба да каже од каде ќе продолжи и дали ќе остане на барањата за притвор за кои судот не се изјасни“, вели академик Владо Камбовски

    Академик Владо Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека сите истраги што претседателот Ѓорге Иванов на 12 април годинава, со амнестијата на 56 лица му ги запре на Специјалното обвинителство, може да продолжат онаму кај што се застанати. „Реобновувањето на постапките зависи само од Специјалното обвинителство, кое сега е на потег и треба да каже од каде ќе продолжи и дали ќе остане на барањата за притвор за кои судот не се изјасни“, вели Камбовски.

    Тој смета дека СЈО сега може непречено да продолжи со предметите Титаник, Тврдина, Тортура, ТНТ и Транспортер во кои осомничени остануваат експремиерот Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, градоначалникот на Битола Владимир Талевски, на Гази Баба Тони Трајковски, потоа Тони Јакимовски од кабинетот на Мијалков, началникот на Петтата управа Горан Грујовски, кого аболицијата го затекна во неколкудневен притвор, Ивица Анчевски – Пуки, кој се врати на функцијата шеф на полициските Алфи. Тоа значи и дека сите овие лица ќе мора да се појавуваат на распит во судот по барање на Специјалното јавно обвинителство.

    “Специјалното обвинителство по амнестијата нема добиено решенија од Основниот суд Скопје 1 за запирање на постапките против осомничените владини и високи функционери на локалната самоуправа. А и да има Судот донесено такви решенија, тоа не е страшно, бидејќи основот за тие решенија е поништен, што значи, треба да се поништат и тие. Судот е должен сега да постапува по барањата на СЈО, како ништо да не се случило“, објаснува Камбовски.  “Ако е поништен правниот основ по кое се донело едно решение, тогаш се поништуваат и последиците од него. Ова е општо начело во правото и треба да се држиме до него“, укажува експертот по кривично право Камбовски како треба да се водат учесниците во кривичните постапки, кои претседателот на државата ги прекина, па ги одблокира.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари