СЈО ПРЕД АПЕЛАЦИЈА БАРА ДА ВАЖАТ ПЕТТЕ „БОМБИ“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЗА ТЕНДЕРOT СО „БЕТОН ШТИП“

    СЈО ПРЕД АПЕЛАЦИЈА БАРА ДА ВАЖАТ ПЕТТЕ „БОМБИ“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЗА ТЕНДЕРOT СО „БЕТОН ШТИП“Ексминистерката и актуелна пратеничка Елизабета Канчевска-Милевска денеска беше на седницата во Собрание, а не дојде во Апелација (Фото: М. Златевска)

    Четирите разговори на обвинетата ексминистерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во случајот „Тендери“ на СЈО за изградба на Музејот на ВМРО и еден таков разговор од 2013 година се клучни докази за противправното дело и тие треба да важат во постапката, побараа денеска специјалните обвинители од Апелациониот суд Скопје. Обвинителот Стевчо Донев потсети дека Специјалното обвинителство е основано токму за тоа да ја истражува содржината на нелегалните разговори од масовното прислушување. Обвинителството го претставуваат специјалните обвинители Стевчо Донев и Љубомир Лапе.

    На ова, на денешната седница во Скопска апелација се спротивставија четворицата адвокати на ексминистерката и актуелна пратеничк Канчевска-Милевска, според кои, доказите се нелегално создадени и не може да се користат против ексминистерката и двете други обвинети за нелегалниот тендер тежок милион евра, на Министерството и на „Бетон Штип“.

    Тие се повикаа на противуставност, но и на противзаконитост на бомбите. Изнесоа свои аргументи дека нивното користење како докази против обвинетите се коси со Европската конвенција за човекови слободи и права. Најавија дека ако ги прифати Апелација, ќе поднесат жалба до Судот во Стразбур.

    Оваа седница е по жалба на Специјалното обвинителство (СЈО), зашто во септември судијата Ивица Стефановски од Основниот суд Скопје 1, одлучи да ги отфрли прислушуваните разговори на поранешната министерка.

    Тричлениот совет од судии на чело со претседателката Љиљана Шопова одлука ќе донесе следните денови. Досега, Апелација прифати да важат бомбите за случаите на СЈО „Насилствата и шамарите во Општина Центар“ и во „Триста“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира