СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ЧЕКА СЈО ДА МУ КАЖЕ ЗОШТО СЕ САМОУБИЛ КОСТА КРПАЧ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ЧЕКА СЈО ДА МУ КАЖЕ ЗОШТО СЕ САМОУБИЛ КОСТА КРПАЧ

    Основното јавно обвинителство Скопје чека Специјалното обвинителство да му ги даде изјавите од сведокот, сега покојниот Коста Крпач, кои лица и во кој период  му се заканувале со насилства и линч, за да утврди како се самоубил.

    Крпач беше најден застрелан во својот стан во Скопје на 27 април годинава.  Тој беше управител на фирмата Финзи што беше спомената денеска како компанија преку која одела набавката на прислушна опрема од Велика Британија за што СЈО сомничи четворица вработени во УБК и МВР дека незаконски го оштетиле буџетот на Македонија.

    По смртта на сведокот на СЈО Коста Крпач, Скопското обвинителство поведе куса истрага и утврди дека станува збор за самоубиство.

    “Но, со оглед на тоа дека Специјалното обвинителство излезе во јавноста со тврдење дека сега покојниот Коста Крпач таму дал изјави дека кон него биле упатувани насилнички закани, ОЈО Скопје ги  побара од СЈО тие докази, за да се испитаат сите околности и да се утврдат причините кои довеле до самоубиството. Но, во писмото кое е добиено од СЈО, изјавите за закани на сега покојниот, ги немаше“, ни одговорија од Јавното обвинителство на РМ.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ако не постоеше Специјалното обвинителство, Скопското обвинителство ќе останеше само на констатацијата “Коста Крпач се самоубил, нема траги на насилна смрт“ и немаше да ги испитува околностите кои довеле до смртта на Крпач, во ЈОРМ ни рекоа дека истрагата уште трае и оти токму тоа и се испитува, без оглед дали СЈО ќе ГИ даде бараните докази.

    На прес-конференција во СЈО обвинителката Ленче Ристоска ече дека сите изјави дадени од сега покојниот сведок што тој ги дал во ова обвинителство, пред да почине, како за истрагата која денес беше објавена под кодно име „Трезор“, така и за насилничките закани по неговиот живот, но и останатите негови изјави за други предистражни постапки што ги отворило СЈО, а во кои Крпач таму сведочел, се чуваат во тајност за потребите на овие незавршени истраги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира