СКОРО 20 ОТСТО ОД ПОЗИТИВНИТЕ НА КОРОНАВИРУС ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

    СКОРО 20 ОТСТО ОД ПОЗИТИВНИТЕ НА КОРОНАВИРУС ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОД 30 ДО 39 ГОДИНИВо земјава има 19.698 активни случаи на ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Намалување во стапките на починати, изработени тестови и позитивни регистрирани на ковид-19 содржи неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 21 до 27 декември. Пријавени се 129 смртни случаи од 23 градови, 30 помалку или 18,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.

    Тестирани се 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, со намалување од 15,9% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.429; 42,4%), со неделна инциденца – 231,4/100.000.

    Во периодот на известување, процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-КоВ-2 изнесува 25,7% , намалување од 3,6% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (910, 27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (665; 19,7%), 40-49 (589; 17,5%), 50-59 (587; 17,7%) и 20-29 (414; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (52; 1,5%) и 10-19 години (145; 4,3%).

    По добиени 2 негативни теста  или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незначително помалку во споредба со минатата недела, вели ИЈЗ.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 81.804, оздравеа 59.650, починаа 2.456, а активни случаи се 19.698.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира