СО 11 НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 42 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    СО 11 НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 42 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУСОд 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Во средата вкупно се регистрирани 11 нови случаи со коронавирус, со што бројката на заболени од вирусот во земјата, до 21 часот, изнесуваше 42 лица, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук профилот.

    Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

    Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.

    „Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија. Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден“, вели Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира