СО МЕНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА СЕ РИЗИКУВА ДА СЕ ИЗГУБАТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД НЕГО, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ

    СО МЕНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА СЕ РИЗИКУВА ДА СЕ ИЗГУБАТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД НЕГО, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ„Пораката дека не сакаш да ги препознаеш сите овие придобивки, испраќа тешка порака“, кажа Брнз на отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со менување на Договорот од Преспа се ризикува земјава да ги загуби придобивките кои беа постигнати со Договорот од Преспа, вели американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе го менува Преспанскиот договор.

    „Договорот од Преспа покажа дека земјите мора да соработуваат меѓу себе, мора да се прават тешки компромиси и врз основа на тие компромиси можат да градат подобра иднина. Она што ме загрижува во врска со обидите да се збунат граѓаните за придобивките од Договорот, е ризикувањето да се изгуби трансформацијата која ја донесе Договорот. Кога слушам за менување на Договорот од Преспа, одење чекор назад, граѓаните мораат да знаат за придобивките од него. Северна Македонија е членка на НАТО, со перспектива во Европската унија. Пораката дека не сакаш да ги препознаеш сите овие придобивки, испраќа тешка порака“, кажа Брнз на отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира