СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ПРЕФРЛУВАЊЕ НА УЧЕНИК ОД ЕДНО ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ, ОСВЕН АКО СЕ ПРЕСЕЛИ СЕМЕЈСТВОТО, РЕЧЕ ЈАНЕВСКА

    СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ПРЕФРЛУВАЊЕ НА УЧЕНИК ОД ЕДНО ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ, ОСВЕН АКО СЕ ПРЕСЕЛИ СЕМЕЈСТВОТО, РЕЧЕ ЈАНЕВСКАКако една од мерките за спречување серегрегација на учениците Роми, ова го посочи министерката за образование Весна Јаневска која денеска беше во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Новиот Закон за основно образование кој треба до крајот на годината да биде донесен во Собранието, ќе содржи одредба со која се забранува еден ученик да го промени училиштето, освен ако родителите не го сменат местото на живеење односно адресата. Како една од мерките за спречување серегрегација на учениците Роми, ова го посочи министерката за образование Весна Јаневска која денеска беше во Битола.

    „Државата не прави сегрегација, туку физичкото одделување на одделни етникуми, во случјот ромскиот и македонскиот, е резултат на традиционално живеење во Македонија и тоа треба да се земе предвид. И ние се обидуваме и на судот во Стразбур тоа да го објасниме. Но, секако ќе преземеме одредени мерки, па така во новиот Закон за основно образоцание кој ќе влезе во сила веднаш по Нова година, бараме да се промени реонизацијата во одредени градови, не само во Штип и во Битола, а се забранува префрлање од едно во друго училиште освен ако семејството не се пресели на некоја друга адреса. Ќе си добијат обуки наставниците и ќе спроведеме програми за учениците, полека овој проблем го решаваме“, рече Јаневска.

    Европскиот суд за човекови права во декември 2022 за ОУ „Ѓорги Сугарев“ од Битола и ОУ „Гоце Делечев“ од Штип донесе предуда дека го повредиле правото на децата за недискриминација во врска со нивното право на образование, па поради ваквата сегрегација на 38 засегнати семејства им додели оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

    Во август годинава и Основниот граѓански суд во Скопје со судска пресуда утврди дека Владата, Министерство за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Општина Битола и Општина Штип, сториле дискриминација врз децата – Роми во образовниот процес. Во двете училишта учат претежно ромски деца и има целосно ромски паралалки.

    Судовите ѝ наложија на државата, Општините и училиштата да се преземат мерки за да запре дискриминацијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира