СО ПРВИТЕ ХУМАНИТАРНИ ЛЕТОВИ ДЕНЕСКА ВРАТЕНИ 300 МАКЕДОНЦИ ОД МАЛТА И ХРВАТСКА

    СО ПРВИТЕ ХУМАНИТАРНИ ЛЕТОВИ ДЕНЕСКА ВРАТЕНИ 300 МАКЕДОНЦИ ОД МАЛТА И ХРВАТСКАСо летот од Валета, Малта во земјава се вратија 118 македонски државјани, а со летот од Загреб, Хрватска 169 граѓани.- Архивска фотографија од Скопскиот аеродром при контрола на патници по воведување на мерките за заштита од КОВИД-19. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Со првите чартер летови организирани од Владата денеска во земјава се вратија македонски државјани од Малта и Хрватска. Со летот од Валета, Малта во земјава се вратија 118 македонски државјани, а со летот од Загреб, Хрватска 169 граѓани.

    „Враќањето на нашите државјани беше организирана со летови на авиопревозникот ‘Визер‘ којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот. Задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање, е на товар на државата“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Водејќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, како што информираат од МНР на овие летови  се превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.

    На повикот кој го отвори Министерството за надворешни работи за наши граѓани заглавени во странски земји првично се јавија 5. 250 граѓани. Од нив 2. 900 граѓани ги прифатиле условите сами да си ја платат авионската карта и да бидат минимун 15 дена во државен карантин.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари