СО ТРЕТА ДОЗА ПРОТИВ КОВИД-19 Е ВАКЦИНИРАНО 8,4 ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО

    СО ТРЕТА ДОЗА ПРОТИВ КОВИД-19 Е ВАКЦИНИРАНО 8,4 ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТОСо втора доза се вакцинирани 46,5 проценти од граѓаните.(Фото: СДК.МК)

    До денес 46,5 % од граѓаните имаат примено две дози вакцини против ковид-19, а само 8,4%  трета доза, соопштија од Министерството за здравство по повод Европската недела на имунизација која се одбележува од 24 до 30 април.

    Оваа година, Европската недела на имунизација ги истакнува историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на полиото и регионалната елиминација на малите сипаници и рубеолата, како и потенцијалите за уште поголеми достигнувања, како на пример ставањето под контрола на Хепатит Б и елиминацијата на ракот на грлото на матката и ковид-19.

    Задравствените власти посочуваат дека напорите за имунизација против ковид-19 нема да прекинат сè додека сите кои исполнуваат услови не бидат вакцинирани и целосно заштитени, а особено сè уште невакцинираните постари лица кои, впрочем, се најранливата категорија граѓани од аспект на заболување од тешка форма на болеста.

    За заштита на децата и спречување епидемии, посочуваат дека од суштинска важност е да му се обезбеди на секое дете, кое испуштило некоја предвидена вакцинација лесен пристап до истата за да може да ги прими потребните дози.

    „Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, денешните родители имаа среќа да пораснат без да видат како членови на семејството или пријатели умираат или страдаат од доживотен инвалидитет од болести како мали сипаници или детска парализа. Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што може да се спречат со вакцини повеќе не се закана. Апелираме до родителите и негувателите обезбедете им ја на вашите деца заштитата што ви ја обезбедиле вашите родители во минатото“, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира