СОБРАНИЕ ПАК СЕ БОИ СО ЧАТАЛОТ ПОВТОРНО ОБОЕНА И ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕ ПАК СЕ БОИ СО ЧАТАЛОТ ПОВТОРНО ОБОЕНА И ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА

    Чаталот со тегнала на специјалната единица за боење на Шарената револуција и вечерва е во функција. Повторно се шара фасадата на Собранието. Бојаџијата вечерва ја усоврши техниката па легнат на асфалтот, за да ги истегне повеќе тегналата, нозете ги потпира на тротоарот.

    Демонстрантите носат транспаренти „Молкот е еднаков на смрт“, „Шарам правда барам“ „Збогум Никола“, „Изрод по изрод револуција“, слушаат патриотски песни, снимки од изборните нерегуларности и се подготвуваат за поход кон Влада.  Таму веќе е поставен бина за вечерашните говори.

    porta

    Македонија во која институциите им служат на граѓаните и го штитат јавниот интерес и Македонија во која никој не е стигматизиран и тепан. Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни, поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО, оставка од Ѓорге Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира идните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    „Се до исполнување на осумте барања, наша единствена арена се улиците и плоштадите, нашата борба здружена, нашиот продорен и јасен!“, најави граѓанското движење „Протестирам“ на Фејсбук.Денес за првпат се протестира во Неготино, блокади на патот има во Чешиново-Облешево, а се протестира и во Кочани, Охрид, Струмица, Битола и Прилеп.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари