СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ КОИ ПОДНЕСОА ОСТАВКА

    СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ КОИ ПОДНЕСОА ОСТАВКАПретседателот на Антикорупициската комисија Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, и Сејди Халили, поднесоа оставки откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави ревизорски извештај кој покажува неправилности во работата на Комисијата.(Фото: СДК.МК)

    Собранието попладнево ги разреши петте членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои претходно поднесоа оставки.

    Претседателот на Антикорупициската комисија Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, и Сејди Халили, поднесоа оставки откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави ревизорски извештај кој покажува неправилности во работата на Комисијата.

    Ревизорскиот извештај на УЈП покажа дека во 2016 година на членови на Антикорупциската комисија им се исплаќале патни трошоци затоа што доаѓале на седници, а исплата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози, некои од членовите воопшто не доаѓале на работа туку само на седници и биле поднесувале три патни налози за ист ден.

    Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан.

    Оставки не поднесоа членовите Најдо Спасевски и Сузана Таскова Аџикотарева.

    А.АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира