СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ Е ТЕШКА, НО НЕ Е АЛАРМАНТНА, ДЕНЕСКА ЌЕ СТИГНАТ АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕ ОД ГЕРМАНИЈА, ЧЕШКА И СРБИЈА, РЕЧЕ АНГЕЛОВ

    СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ Е ТЕШКА, НО НЕ Е АЛАРМАНТНА, ДЕНЕСКА ЌЕ СТИГНАТ АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕ ОД ГЕРМАНИЈА, ЧЕШКА И СРБИЈА, РЕЧЕ АНГЕЛОВУтрово активни се 12 пожари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утрово во државата активни се 12 пожари, кои покрај од земја, се гаснат и со хеликоптери и ер трактори. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека вчера имало 66 пожари на отворен простор, од кои во моментот 12 се активни, 3 се под контрола и 51 е изгаснат.

    Помош во летала за гаснење денеска ќе стигне од Србија, и тоа еден хеликоптер, кој веќе е на Скопскиот аеродром. Од Чешка вечерва се очекува да пристигне еден хеликоптер со капацитет на ведро од 3 тони и два ер трактора од Германија.

    „Во овие 66 пожари кои беа активни вчера има и депонии и сакам да потенцирам дека тие не треба да се потценуваат, оти вчера пожарот од депонијата во Дојран се прошири и беа загрозени куќи во градот. На ниво на држава, состајбата е тешка, но не е алармантнта. Апелирам до граѓаните да не излегуваат со апели за собирање луѓе за гаснење, државата има доволно војска и полиција и доколку побаарат локалните власти, ние ќе испратиме онолку колку што ќе побараат. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист, некаде можат и да попречуваат“, рече Ангелов.

    Како што кажа Ангелов, ќе се активира и НАТО механизмот за помош, преку кој, доколку има потреба ќе се бараат и пожарникари од странство.

    Активни се пожарите во Општина Пехчево во селото Негрево, а во Општина Старо Нагоричане во селата Малотино, Враготурце и Жегљане, во Општина Кратово пожар има во селото.Татомир и се шири кон Општина Куманово и Општина Свети Николе. Во Општина Македонски Брод зафатени се селата Тажево и Брезница и еден крак се движи кон Јасен. Во Општина Свети Николе пожари има во селата Макреш, Горно и Долно Ѓуѓанци, Строиманци и.Ранченци, над селата Ерџелија, Немањци и Малино, во Општина Куманово кај селата К’шање и Кокошиње, а во Општина Пробиштип зафатени се селата Зелениград и.Јамиште. Активен е пожарот и во Општина Дојран меѓу Стар и Нов Дојран, кај населбата Карач, во Општина Македонски Брод пожар има во Слатина и Стојанова населба, во Општина Пласница кај истоименото село и во Општина Карбицни кај селата Долни и Горни Балван и Трогерци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира