СОВРЕМЕНА ТЕРАПИЈА СО ЦРТАЊЕ И ИГРАЊЕ ЗА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВОВЕДЕНА ВО НОВАТА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕАХБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

    СОВРЕМЕНА ТЕРАПИЈА СО ЦРТАЊЕ И ИГРАЊЕ ЗА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВОВЕДЕНА ВО НОВАТА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕАХБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС„Секојдневната практика во работата со децата со потешки развојни нарушувања и со аутизам покажа дека индивидуалниот логопедски третман не е доволен и ние изработивме посебна програма за рехабилитациски третман“, кажа д-р Силавана Филипова, директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас на отворањето на сензорната соба.-Д-р Филипова со министерот за здравство Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Сензорна соба за современ третман на деца со пречки во развојот и аутизам денес беше отворена во Заводот за рехабилитација на говор слух и глас при клиничкиот центар во Скопје. Таа е сместена во бараките веднаш до заводот, кои долги години беа запуштени и руинирани. Сега тие се реновирани и обновени со модерна опрема според европските протоколи и стандарди.

    „Секојдневната практика во работата со децата со потешки развојни нарушувања и со аутизам покажа дека индивидуалниот логопедски третман не е доволен. Ние изработивме посебна програма за рехабилитациски третман, која е наменета за деца со тешки развојни нарушувања, аутизам, деца со сензорни проблеми и комбинирани пречки“, рече д-р Силвана Филипова, директор на Заводот за рехабилитација на говор слух и глас.

    Покрај стандардниот тимски дијагностички пристап, кој и досега се применува во Заводот, децата ќе бидат подложени и на дополнителни анализи и опсервации, односно со посебен сензорен протокол докторите ќе добијат појасна слика на кои стимулации овие деца се чувствителни. Според овие анализи докторите потоа ќе направат посебен план и програма за работа во сензорната соба за секое дете.

    „Со оваа програма децата ќе добиваат третман во стимулација на говорот, терапија на сензорна интеграција, психомоторна едукација, брендинг вежби, стимулација на фината моторика, а ако има потреба од медикаментозна терапија ќе бидат покриени од детските психијатри“, кажа д-р Филипова.

    За третман на секое дете ќе има посебен план и програма за работа во сензорната соба (Фото: СДК.МК)

    Новина во програмата за работа со деца со пречки во развојот е и тоа што во оваа установа ќе се воведе и групна терапија преку цртање и играње, за да може да се социјализираат.

    „Досега тоа не го работевме во нашата установа. Тоа беше оставено да го работат градинките, но сметаме дека им потребна помош и на ова поле“, рече д-р Филипова.

    Во монетов во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас работат 14 логопди, од кои двајца од албанско говорно порачје. Според д-р Филипова овој број на вработени е недоволен.

    „Веќе почнавме со поддршка на оваа нова програма, како и на самата институцијата. Побаравме согласност од Министерството за финансии за дополнителни вработувања во институцијата, односно за вработување 17 логопеди, а дел од нив ќе бидат и од албанско говорно подрачје“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Тој кажа дека вработените и директорката на Заводот се вклучени во работната група, која ги утврдува критериумите за прием и тренинг на кадар, кој ќе работи во новиот центар за аутизам, што се гради во наслебата Топанско поле со помош од армијата на САД.

    „Проектот е почнат пред неколку месеци, а изградбата треба да заврши до крајот на 2019 година. Децата со потешкотии во развојот и нивните родители, кои многу често скитаа во нашите институции и бараа помош во приватни институции, сега овде во Заводот, а потоа и во новиот центар за аутизам ќе го добијат најсоодветниот и најстручен третман согласно европските стандарди“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари