СПОРОТ МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА СЕ РЕШАВА НАДВОР ОД ПРОЦЕСОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, ВЕЛИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    СПОРОТ МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА СЕ РЕШАВА НАДВОР ОД ПРОЦЕСОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, ВЕЛИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ„Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, вели Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори; - Од средбата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и премиерот Зоран Заев во Скопје лани во октомври. (Фото: Ѓ. Личовски)

    САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Македонија во Европската Унија, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот.

    „Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, рече портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори, како и дека „одлуката на ЕУ во март, да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија беше позитивен чекор, и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот“.

    Тој кажа и дека САД се силен поддржувач на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан.

    „Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет низ регионот“, изјави тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира