СПРЕМАМЕ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА

    СПРЕМАМЕ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКАХоландскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денес разговараа и за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. (Фото: Министерство за труд и социјална политика)

    Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денес разговараа за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација кој во моментов е во собраниска процедура, како законско решение кое обезбедува заштита на граѓаните од секаков вид на дискриминација и неговата нужност како дел од позитивното право во нашата држава.

    Министерката истакна дека потребата од Комисијата за заштита од дискриминација која како независно тело составено од професионалци во областа на човековите права, би постапувала во насока на заштита на правата на сите граѓани.

    „Борбата за еднаквост и заштита на сите ранливи категории останува наш врвен приоритет. Во таа насока подготвуваме нов закон за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената, кој наскоро треба да влезе во собраниска процедура“, рече министерката Шахпаска и додаде  Холандија е голем поддржувач на нашата држава на евроатлантскиот пат.

    Амбасадорот говореше за големата поддршка на земјава во усогласувањето на нашето законодавство со европското , „затоа што тоа ќе ја донесе земјата поблиску до европските вредности, но уште позначајно што притоа се обезбедува заштита на човековите права , на правата на граѓаните на Северна Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира