СРПСКИОТ РАЗУЗНАВАЧ БИЛ НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО ОТИ ТОА МУ БИЛО РАБОТА, ТВРДАТ ВЛАСТИТЕ ВО БЕЛГРАД

    СРПСКИОТ РАЗУЗНАВАЧ БИЛ НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО ОТИ ТОА МУ БИЛО РАБОТА, ТВРДАТ ВЛАСТИТЕ ВО БЕЛГРАДСпоред српските власти, разузнавачот Душан Живаљевиќ бил Собранието на 27 април да утврди дали нивни граѓани учествувале во нападот. - Од нападот во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека советникот во српската амбасада во Скопје и претставник на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Горан Живаљевиќ не направил ништо нелегално со тоа што бил во Собранието на 27 април, туку само си ја вршел работата.

    „Живаљевиќ е официјален претставник на БИА во Македонија, тој не е таму нелегално. Неговата работа е да информира што се случува во Република Македонија и заедно со претставници на други служби бил, како и тие што доаѓааат секој ден на сите тие настани во Скопје или на друго место“, изјави Дачиќ за српските медиуми за време на вчерашната прослава на Денот на Африка во Белград.

    Тој додаде дека Живаљевиќ имал задача од БИА да информира „дали граѓани на Србија учествуваат или не во такви настани и само тоа“.
    Дачиќ потврди дека српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ денеска ќе оди во македонското МНР, но кажа дека не знае што ќе биде содржината на разговорот и што ќе ѝ биде кажано од македонска страна.

    Разузнавачот Живаљевиќ бил еден од челниците на српската Служба за безбедност кога се случи атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, а пред да дојде во Скопје, поранешниот заменик началник на БИА бил претставник на БИА во српската амбасада во Загреб.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира