СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА НА СЕДУММИНАТА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ФИЛИПЧЕ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ НОВИ МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

    СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА НА СЕДУММИНАТА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ФИЛИПЧЕ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ НОВИ МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈАМакедонија има седум пациенти заразени со коронавирус, 193 лица се во домашна изолација и затворена е Клиниката за кожни болести во Скопје, се последните податоци од Министерството за здравство објавени во понеделник навечер.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Стабилна е состојбата на сите седум пациенти заразени со коронавирус и се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, објави Министерството за здравство.

    Првата заразена пациентка, 50-годишната жена која дојде од Италија со комбе преку граничниот премин Табановце на 26 февруари, е во целосно стабилизирана состојба. На Инфективната клиника се лекуваат двајцата сопружници од Дебар и тројца членови на нивното семејство, како и директорката на Клиниката за кожни болести, кои исто така допатуваа од Италија. Во изолација се 193 лица, кои имале контакт со директорката на Клиниката за кожни болести. Целиот персонал е во изолација, а Клиниката е затворена.

    Mинистерот за здравство Венко Филипче денес ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а меѓудругото ќе дискутира за евентуални нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.

    Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира