Сè уште ште не се знае причината поради која се чувствува остар мирис во зградата на булеаврот Кузман Јосифовски Питу 15 во скопската населба Аеродром.
Станарите на зградата уште се на булеварот и чекаат да им кажат што ја предизвикува миризбата и дали е безбедно да се вратат во своите домови. Иако случајот е пријавен во 18 часот на терен нема екипи од Државниот инспекторат за животна средина, туку само инспектори од Град Скопје, полицајци, и екипи на Противпожарната бригада и Брза помош.
Градоначалникот Петре Шилегов кој дојде на местото каде е пријавен случајот изјави дека неговите инспектори ја немаат потребната опрема за да се испита хемискиот состав на миризбата.
„Се чека да дојдат екипи од Министерство за внатрешни работи и Министерството за одбрана Тие треба да дојдат со своја специјална опрема, за да се изврши анализа на хемискиот состав на миризбата. Потребно е време да се земе опремата, затоа уште не се стигнати, не станува збор за брзи единици“ рече Шилегов.
Г.КОНЕВ