СТАНАРИТЕ НА УЛИЦА, СЕ ЧЕКА ЕДИНИЦА НА АРМ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ОД ШТО Е МИРИЗБАТА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

    СТАНАРИТЕ НА УЛИЦА, СЕ ЧЕКА ЕДИНИЦА НА АРМ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ОД ШТО Е МИРИЗБАТА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМГраѓаните му се пожалија на градоначалникот Петре Шилегов дека 4 часа се на улица а уште никој не ја знае причината поради која се шири остра миризба во влезот на зградата, ниту пак се стигнати специјални единици.(Фото: Г.Конев)

    Сè уште ште не се знае причината поради која се чувствува остар мирис во зградата на булеаврот Кузман Јосифовски Питу 15 во скопската населба Аеродром.

    Станарите на зградата уште се на булеварот и чекаат да им кажат што ја предизвикува миризбата и дали е безбедно да се вратат во своите домови. Иако случајот е пријавен во 18 часот на терен нема екипи од Државниот инспекторат за животна средина, туку само инспектори од Град Скопје, полицајци, и екипи на Противпожарната бригада и Брза помош.

    Градоначалникот Петре Шилегов кој дојде на местото каде е пријавен случајот изјави дека неговите инспектори ја немаат потребната опрема за да се испита хемискиот состав на миризбата.

    „Се чека да дојдат екипи од Министерство за внатрешни работи и Министерството за одбрана Тие треба да дојдат со своја специјална опрема, за да се изврши анализа на хемискиот состав на миризбата. Потребно е време да се земе опремата, затоа уште не се стигнати, не станува збор за брзи единици“ рече Шилегов.

    Г.КОНЕВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира