СТИГНА ПРВАТА ПРАТКА ОД 24.000 ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ВКУПНО 100 ИЛЈАДИ, ОД ПРОГРАМАТА КОВАКС

    СТИГНА ПРВАТА ПРАТКА ОД 24.000 ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ВКУПНО 100 ИЛЈАДИ, ОД ПРОГРАМАТА КОВАКСВакцинирањето со оваа тура почнува в среда, во здравствените домови ширум државата (Фото:СДК.МК)

    Првите 24.000 дози вакцина „АстраЗенека“ од вкупно 100.000 кои што треба да стигнат идниот месец од ковакс-системот, дојдоа утринава на скопскиот аеродром. Ги пречека министерот Венко Филипче со амбасадорите на САД, Германија, Франција и дузина странски дипломати.

    Вакцинирањето со оваа тура почнува в среда, во здравствените домови ширум државата.

    „Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со оваа пратка вакцини, се хронично болните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група. Вакцинацијата ќе се врши во здравствените домови. Во текот на април се очекува да стигнат преостанатите 76 илјади ‘АстраЗенека’ од ковакс“, кажа Филипче по истоварањето на првата пратка “АстраЗенека“.

    Се заблагадари на САД, Германија, Франција, на претставниците на УНИЦЕФ со кои беше организиран преносот и транспортот на овие вакцини.

    „Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Овие вакцини од ковакс доаѓаат со недели задоцнување, но имајќи предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира. И, добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функционира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет“, изјави Филипче.

    Во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.

    Овој систем на Обединетите нации снабдува со вакцини 142 земји.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира