СТОЛТЕНБЕРГ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА НАТО И РЕФЕРЕНДУМОТ

    СТОЛТЕНБЕРГ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА НАТО И РЕФЕРЕНДУМОТНа Меѓународниот аеродром Скопје, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва пристигна во дводневна официјална посета на Македонија за поддршка за НАТО и  претстојниот референдум за прифаќање на договорот со Грција за промена на името на 30 септември.

    На Меѓународниот аеродром Скопје, Столтенберг го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    Владината прес-служба соопшти дека  Генералниот секретар на Алијансата Столтенберг, утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери и други политички претставници. Столтенберг заедно со министерката за одбрана Шекеринска ќе ги посети и специјалните армиски сили кои ќе изведат показна вежба во скопската касарна Илинден.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  на 18 јануари годинава беше во  посета на Македонија.

    Тој тогаш во врска со перспективите за НАТО членство изјави: „Немате план Б, морате да го решите прашањето за името кое го имате со Грција“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира