СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ ОД 1 ЈАНУАРИ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ

    СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ ОД 1 ЈАНУАРИ, РЕЧЕ БЕКТЕШИБектеши вели дека и после Нова година ќе важи истиот тарифен систем. (Фото: К.Попов)

    Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека од 1 јануари цената на струјата нема да поскапи. Бектеши вели дека нема да плаќаат граѓаните повисоки сметки, бидејќи според Законот на енергетика, Регулаторната комисија за енергетика има обврска да направи надзор и да утврди дали пресметките од универзалниот снабдувач се направени како што треба.

    Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е започната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде и од 1 јануари, а надзор прави Регулаторната комисија. Моментно се прават анализи од Регулаторна и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани“, кажа Бектеши одговорајќи на новинарски прашања на Самитот за женско претприемништво.

    Бектеши рече со тоа што имаме универзален снабдувач цената на струјата е пониска.

    Ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ“, додаде Бектеши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира