СТУДЕНТИТЕ АЛБАНЦИ НАЈАВИЈА НОВИ ПРОТЕСТИ АКО НЕ ИМ БИДЕ ПРИФАТЕНО БАРАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ НА АЛБАНСКИ

    СТУДЕНТИТЕ АЛБАНЦИ НАЈАВИЈА НОВИ ПРОТЕСТИ АКО НЕ ИМ БИДЕ ПРИФАТЕНО БАРАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ НА АЛБАНСКИ„Не допирајте ја нашата иднина“; „Закон на хартија, дискриминација во практика“ беа дел од пораките што беа испишани на транспарентите на студентите. (Фото: СДК.МК)

    Знаењето нема забранет јазик, беше пораката на албанските студенти на денешниот протест во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик.

    Ова е втор ваков протест на студентите, кои и овојпат вееја албански знамиња. Протестот почна на плоштадот Скендер бег од каде што преку Камени мост и Плоштад Македонија се упатија до Министерството за правда.

    „Не допирајте ја нашата иднина“; „Закон на хартија, дискриминација во практика“ беа дел од пораките што беа испишани на транспарентите на студентите. Тие најавија нови протести доколку не бидат прифатени нивните барања.

    На маргините на протестот, според видеа објавени на социјалните мрежи, се случи и тепачка. Неколкумина напаѓачи му се нафрлија на едно момче, пред очите на полицијата и редарите, по што дел од нив беа уапсени.

    Владејачката Вреди пред одржување на протестот соопшти дека презема конкретни институционални чекори за решавање на долгогодишниот проблем со полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

    „Тоа што ДУИ не го реши две децении, ние го решаваме со конкретни чекори: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик!“, соопштија од Вреди.

    Копретседателите на Вреди Билал Касами и Изет Меџити денеска имаа работна средба со премиерот Христијан Мицкоски. Од Владата по средбата соопштија дека преку заеднички, мудар и достоинствен пристап се доаѓа до решенија кои значат напредок, градење на меѓусебна доверба и заедничка иднина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира