СУДЕЊЕТО НА ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА „ТИФАНИ“ НА СЈО ПОЧНУВА НА 19 ФЕВРУАРИ, „ТЕНДЕРИ“ СО ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА НА 21 ФЕВРУАРИ

    СУДЕЊЕТО НА ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА „ТИФАНИ“ НА СЈО ПОЧНУВА НА 19 ФЕВРУАРИ, „ТЕНДЕРИ“ СО ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА НА 21 ФЕВРУАРИПоранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска е првообвинета во случајот „Тендери“ на СЈО. - Канческа-Милевска јавна седница на Апелациски суд на 24 јули минатата година (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 ги закажа судењата против новинарката и бизнисменка Ивона Талевска за случајот „Тифани“ за криење данок кон државата и против ексминистерката Елизабета Канческа – Милевска за „Тендери“, т.е. за нелегален тендер и градба на дел од Музејот на ВМРО.

    Талевска е обвинета дека преку своите две фирми „Смарт Центар ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „Смарт Груп ДООЕЛ Скопје“, од 2008 до 2014 година, затаила данок кон државата во вкупен износ од 44.558 илјади евра. Според СЈО, таа, лажирајќи во документите дека набавува стока за своите фирми, ја намалила даночната основа, го злоупотребила правото на одбивка на ДДВ и не пријавила лични приходи.

    Од асортиманот, наводно за фирмите, таа набавила: долна облека за 500 евра, облека, здолништа, чевли, ташни, ремени (33.508 евра), очила, шминки, пудри (1.009, евра), врвно дизајнирани и високо квалитетни кујнски садови и декоративни предмети од 4,672,00 евра, натаму, велосипеди од 520 евра, сигурносна врата 600 евра итн.

    Министерката за култура е првообвинета во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира