СУДИЈКАТА НА ЗАЕВ СТАНА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДИЈКАТА НА ЗАЕВ СТАНА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

    Судијката Дијана Груевска-Илиевска е нов заменик на претседателот на Основниот суд Скопје 1, на местото на досегашниот Ивица Стефановски, објави агенцијата Мета повикувајќи се на соопштение на судот.

    Груевска – Илиевска го води предметот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

    „Судијата Дијана Груевска-Илиевска е определена за заменик на претседателот на Основен суд Скопје 1 на местото на судијата Ивица Стефановски, кој по свое лично барање не е повеќе заменик претседател. Судијата Гордана Спиреска е определена за претседател на одделот за кривично полнолетни, од причини што досегашниот претседател на одделот, судијата Сандра Крстиќ, по свое лично барање е прераспоредена во друг оддел. Поради истите причини, судијата Сандра Крстиќ, исто така, е прераспоредена од одделението за организиран криминал и корупција во одделот за кривично-претходна постапка“, стои во соопштението од судот.

    Кај судијката Сандра Крстиќ беше распореден предметот за случајот на новинарот Зоран Божиновски, чие прво рочиште беше закажано кон крајот на минатиот месец. Рочиштето беше одложено поради отсуството на судијката, а од судот соопштија дека Крстиќ од семејни и од лични причини побарала да биде прераспределена во друг оддел.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира