СУДОТ ГИ АМНЕСТИРАШЕ И ВОДАЧИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ БЕТМЕН, ДАМОВСКИ И ЈОВАНОВСКИ

    СУДОТ ГИ АМНЕСТИРАШЕ И ВОДАЧИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ БЕТМЕН, ДАМОВСКИ И ЈОВАНОВСКИСо вчерашните 10 амнестирани, досега од процесот со 33 обвинети за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, излегоа 13 обвинети. - Богдан Илиевски - Бетмен и Борис Дамовски на протест на „За заедничка Македонија“ (Фото: СДК.МК)

    По добиено позитивно мислење од обвинителството за организиран криминал, Кривичниот суд ги амнестира и водачите на протестите „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски и Борис Дамовски.

    Тие со говорите ја повикуваа толпата на 27 април лани да влезе во Собранието. Беа обвинети за теророристичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    Со вчерашните 10 амнестирани, досега од процесот со 33 обвинети за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, излегоа 13 обвинети.

    Вчера беа амнестирани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски

    Во првата тура, покрај овие пет обвинети за организираниот напад на 27 април лани, амнестирани беа уште и вработените во кабинетот на Трајко Вељаноски, експретседателот на Собранието, обвинетите Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски, потоа телохранителот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Захарије Симовски, браќата Стефан Младеновски и Михаил Младеновски, Митре Питроповски (со фантомка, ама според снимките пасивен набљудувач) и Илија Славевски, кој исто така е во притвор како Питроповски. Питроповски и Славевски излегуваат од притвор.

    „Останатите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена до повисокиот суд. Сите останати барања, во одделот Кривично полнолетни, се во фаза на одлучување и во законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари