СУДОТ ГИ ЗАМРЗНА ТРИТЕ СТАНА ВО „ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС“ КОИ СПОРЕД КАМЧЕВ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ НА ГРУЕВСКИ

    СУДОТ ГИ ЗАМРЗНА ТРИТЕ СТАНА ВО „ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС“ КОИ СПОРЕД КАМЧЕВ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ НА ГРУЕВСКИОбвинителката Лиле Стефанова на судење за „Плацеви на Водно“. (Фото: СДК.МК)

    Предлогот на обвинителката Лиле Стефанова за одземање на имот на фирмата „ССИ инвестмент“, на чие име гласат трите апартмана на Никола Груевски во „Панорама резиденс“ што според обвинителството ги истрампал за плацевите на Водно по објавувањето на бомбите кога се дозна дека барал плацеви и дека ги менувал ДУП-от и ГУП-от за себе, денеска судот го прифати.

    Се работи за: стан од 155 метри квадратни со 95 метри квадратни помошни простории, стан од 199 метри квадратни со 48 квадрати балкон и стан од 200 метри квадратни со 48 квадрати балкон.

    Вредноста на овие недвижнини е 660 илјади евра.

    Привремената мерка на замрзнување на имотот ќе биде спроведена веднаш. Ќе трае до правосилност на пресудата за предметот „Плацеви на Водно“. Доказната постапка за предметот заврши денеска. Завршните зборови се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира