СУДОТ ОДРЕДИ ПРИТВОР ЗА ЧЕТВОРИЦА ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

    СУДОТ ОДРЕДИ ПРИТВОР ЗА ЧЕТВОРИЦА ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТОЛицата од истрага се осомничени за кривично дело - Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие за кое е предвидена затворска казна од една до пет години. - Од упадот во Собранието во четвртокот (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 им одреди притвор на четири лица кои учествуваа во организираниот напад на Собранието на 27 април, на едно лице му определи мерка куќен притвор и на две лица мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на местото во кое живеат, како и обврска повремено да се јавуваат на овластено службено лице во Судот, соопшти Судот.

    Според судот, предлогот на Обвинителството се однесува на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од една до пет години согласно законот.

    Со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот закон за кривична постапка во претходна постапка притворот може да трае најмногу до осум дена.
    Вчера пред судија на претходна постапка се изведени вкупно седум лица.
    Јавното обвинителство засега побара од МВР да бидат приведени вкупно 15 лица, кои се осомничени дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира