„СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ЌЕ ГИ СУДИ ГРУЕВСКИ И ГРУЈОВСКИ ПО ОБВИНЕНИЈАТА НА СЈО, НИКОЈ НЕ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ЌЕ ГИ СУДИ ГРУЕВСКИ И ГРУЈОВСКИ ПО ОБВИНЕНИЈАТА НА СЈО, НИКОЈ НЕ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ

    Лидија Петровска, една од двете судијки од Кривичен суд кои ги добија предметите по обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за насилство во Општина Центар и уништување документација за прислушувањето, се споменува во една од „бомбите“ на опозицијата за правосудството. Нејзиното име сe споменува во разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Набрзо по објавување на „бомбата“, Неделкова тврдеше  дека таа не добивала подароци од никого, најмалку Сваровски кристали, велејќи „повеќе сум љубител на бисери, отколку на Сваровски“.

    Татјана Михајловска, другата судијка што ќе треба да ги работи обвинителните акти кои минатата недела ги поднесе СЈО, беше истражна судијка во случајот „Ликвидација“, во кој на 4,5 години затвор беше осуден новинарот Томислав Кежаровски.

    Неофицијално, судијката Михајловска ќе го работи случајот со насилството во Општината Центар, а Петровска го доби случајот со уништувањето на документите поврзани со опремата за прислушување.

    Ниту судијката Петровска ниту некој друг досега не побарал нејзино изземање од судење на предметите на СЈО, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Кривичниот суд.

    Неофицијално дознаваме дека ниту СЈО нема да бара изземање на судијката Петровска, туку ќе чека да почне судењето па натаму ќе соопшти какви мерки ќе преземе.

    СЈО минатата недела на прес-конференција соопшти дека поднеле два обвинителни предлози. Едниот е против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година. Другиот е против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата за фалсификување службени исправи, зашто противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување.

    Датумите за судењата не се одредени. За двете кривични дела пропишана е затворска казна до пет години.

    Во „бомбата“ за правосудството, објавена на 19 март 2015 година, меѓу другите, го имаше и разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Во продолжение е извадок од транскриптот на „бомбата“, во кој се споменува судијката Лидија Петровска:

    СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?

    СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?

    СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?

    СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.

    СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.

    СМ: А?

    СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.

    СМ: Аха. Иначе која е, како е она?

    СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.

    СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.

    СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.

    СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.

    СЛ: И добро, друг?

    СМ: Толку е што.

    СЛ: Е па три места има.

    СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.

    СЛ: Што збориш бе?

    СМ: Каква е таа, кажи ми?

    СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…

    СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.

    СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.

    СМ: Таа утре ќе се сврти, а?

    СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира