ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЌЕ БИДЕ ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЌЕ БИДЕ ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕРЏафери ќе стапи на функцијата на 28 јануари, кога ќе биде формирана техничката влада или 100 дена пред парламентарните избори. (Фото: СДК.МК)

    Aктуелниот претседател на Собранието Талат Џафери ќе биде технички претседател на Владата, објави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук профил. Ова е одлучено на денешниот состанок на централното претседателство на партијата. Џафери ќе стапи на функцијата на 28 јануари, кога ќе биде формирана техничката влада или 100 дена пред парламентарните избори.

    Одлучено е шеф на централниот изборен штаб на ДУИ за изборите во 2024 да биде Фатмир Бесими.

    Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај заедно со вториот круг на претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира