ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОД УТРЕ МОЖЕ ДА ПОБАРА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИКОТ ВО АЗИЛ НИКОЛА ГРУЕВСКИ

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОД УТРЕ МОЖЕ ДА ПОБАРА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИКОТ ВО АЗИЛ НИКОЛА ГРУЕВСКИГруевски на на 13 ноември 2018 година се пофали на ФБ дека добил азил од унгарските власти и точно шест месеци седи таму. - Груевски се обиде да го спречи Џафери да си замине од собраниската сала кога на дневен ред беше Законот за употреба на јазиците во март минатата година (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во азил Никола Груевски денеска навршил шест месеци неоправдано отсуство на работното место, со што го исполнил условот за да му биде одземен пратеничкиот мандат.

    Од утре претседателот на Собранието Талат Џафери ќе може да ја извести мандатно-имунитетната комисија со што ќе тргне постапката за разрешувањето на Груевски од пратеник.

    Потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски денеска рече дека пратениците се пред сериозен тест и одговорност.

    „Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа ’за‘. Пред сериозен тест се и Обвинителството и Врховниот суд. Обвинителството за организиран криминал да даде одговор за истрагата за бегството на Груевски, а Врховниот суд да не ја укине пресудата за затворската казна“, напиша Фросина Ременски денеска на Фејсбук.

    Груевски е во бегство официјално од 13 ноември 2018 година, кога се јави од Будимпешта и се пофали дека добил азил. Собранието еднаш имаше обид да му го одземе мандатот, но не беа обезбедени 80 гласа, односно двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари