ТАЛЕВСКИ ВО ИЛЕГАЛА, КАТИЦА МУ ДОЈДЕ ВО БИТОЛА НА СВАДБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕВСКИ ВО ИЛЕГАЛА, КАТИЦА МУ ДОЈДЕ ВО БИТОЛА НА СВАДБА

    Додека битолскиот градоначалник Владимир Талески се крие од јавноста, специјалната обвинителка Катица Јанева викендов била во Битола, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Таа во саботата дошла на свадба кај колешка која го женела синот.

    И синоќа во Битола имаше протест и контрапротест.

    Демонстрантите од Шарената револуција фрлија балони со боја врз зградата на Основниот суд. Тие бараа ослободување од притвор на сите антивладини демонстранти. Викаа дека е неправедно криминалците од тајфата на градоначалникот Владимир Талески да бидат слободни, а децата што протестираат против криминал да седат заробени дома.

    Во исто време, на другата страна од градот, кај Офицерскиот дом се собраа граѓаните што ја поддржуваат власта во организација на невладиното здружение ГДОМ. Тие барааа одржување на избори на 5 јуни, како единствен начин за излез од политичката криза.

    Откако група граѓани во четвртокот го посипаа со лажни банкноти од 360.000 евра со неговиот лик, помилуваниот градоначалник се повлече во илегала. Герилските акции го исплашија градоначалникот кој е осомничен од тимот на Катица Јанева за злоупотреби со превозот на учениците со кој го оштетил буџетот за 360.000 евра. По обелоденувањето на предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство животот на Владимир Талески, кој е професионален глумец и го бива за сликање и давање изјави се смени. За локалните новинари и за дописниците на националните медиуми беше многу чудно дека ден по герилската акција тој не се појави на свеченото пуштање во употреба на мостот во населбата „Јени мале“ во Битола. Не се работеше за голем проект, но тој се сликал во медиумите и на многу помали. На пример, кога некој ученик од битолско училиште ќе добиеше награда, кога ќе се закрпеше улична дупка , па и за Осми март да им даде ружа на женските организации.

    Талески е слободен, но во куќен притвор е неговиот најблизок соработник, секретарот на општината Слободан Бончановски. Во куќен притвор е и една управителка на превозна компанија, а на тројца директори на училишта одземени им се пасошите.

    Специјалното јавно обвинителство побара замрзнување на имотот на градоначалникот. За 11 осомничени беше побаран притвор, но не и за Талески затоа што тој е помилуван од претседателот. Во случајот „Транспортер“ покрај градоначалникот, СЈО осомничи уште 22 луѓе, меѓу кои негови соработници од општината, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола.

    Иако засега не може да оди во затвор оти го штити аболицијата, за Талески, како и за останатите во овој случај , Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе бара конфискација на имот.

    Од СЈО најавија дека против Талески се води предистражна постака и за други коруптивни активности, за кој претседателот Иванов не го ослободил од кривично гонење.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира