ТИМОТ НА ИРЛ ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ

    ТИМОТ НА ИРЛ ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУАмбасадорот Дејвид Гир и наградените новинари. (Фото: Делегација на ЕУ)

    Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ) ја доби првата награда за истражувачко новинарство за 2019 година, која ја доделува Делегацијата на Европската унија во земјава. Тимот на ИРЛ е првонаграден за сторијата „Урбани атентатори“.

    Втората награда ја освоија Миомир Серафиновиќ, Билјана Николовска и Снежана Лупевска-Созен за нивната сторија објавена во емисијата „Код“- „Убиства во Кичево – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.

    Третата награда е за Петар Клинчарски за неговата сторија на емисијата „360 степени“ – „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“.

    Наградите ги додели амбасадорот Дејвид Гир.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира