ТИМОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ИСТРАЖУВАЛ И ФИРМАТА НА КРПАЧ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТИМОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ИСТРАЖУВАЛ И ФИРМАТА НА КРПАЧ

    Специјалното обвинителство ја истражувало и фирмата на покојниот Коста Крпач, кој вчера беше најден со прострелна рана во градите во својот стан, откако пред тоа наводно пукал врз комбе паркирано пред зградата во скопската населба Капиштец.

    Основниот суд Скопје 1 во Скопје вечерва објави дека судија на претходна постапка на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач а претходни и за „правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, судија на претходна постапка има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар од две фирми (меѓу кои за една во која во одреден период како сопственик се јавува К.К.)“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1.

    Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО.  Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. Од СЈО велат дека поседуваат „докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач. “

    Името на Крпач се појави меѓу 56-те политичари и нивни соработници кои претседателот Ѓорге Иванов ги помилува на 12 април. Одлуката за помилување на Крпач е објавена во Службениот весник заедно со одлуката за помилување на извесни Владислав Стајковиќ и Христијан Панев, за кои не се знае како се нашле на списокот на Иванов за аболиција бидејќи не се политички познати во јавноста.

    Неколку медиуми шпекулираа дека трите имиња се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката за израелската опрема за прислушување. Но, ниту од Кабинетот на претседателот, ниту од СЈО тоа до сега не е потврдено.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева на 28 март оваа година ја поздрави соработката со судот за преземање на документацијата од Централниот регистар што му била потребна на Специјалното обвинителство.

    На истата прес конференција обвинителката Ленче Ристоска објасни дека морале во Централниот регистар да одаст со судска наредба затоа што од таму одбивале соработка со истражителите. „Важно е дека сите документи кои ни беа предмет на интерес се обезбедени, и што е уште поважно со  Централниот регистар воспоставивме добра соработка за која веруваме ќе продолжи во иднина“, беше речено на прес конференцијата на 28 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира