ТРАГЕДИЈА Е ШТО БУГАРИЈА ЈА ИСКОРИСТИ ЕУ ЗА ДА ЈА БЛОКИРА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ ПОРАНЕШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА МЕДЛИН ОЛБРАЈТ

    ТРАГЕДИЈА Е ШТО БУГАРИЈА ЈА ИСКОРИСТИ ЕУ ЗА ДА ЈА БЛОКИРА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ ПОРАНЕШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА МЕДЛИН ОЛБРАЈТНационалистичките лидери и натаму го дестабилизираат Балканот - Медлин Олбрајт

    Медлин Олбрајт, поранешна државна секретарка на САД смета дека бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ е трагедија, објави Гласот на Америка на македонски јазик известувајќи за расправата во Комисијата за надворешни работи во Преставничкиот дом на САД.

    На распитот за препораките кон Балканот за идната администрација на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, Олбрајт која беше државен секретар од 1997 до 2001 во администрацијата на Бил Клинтон препорача „новата американска администрација да го поддржи демократскиот развој на земјите од Балканот“.

    Осврнувајќи се на вестите од Брисел каде што Бугарија стави вето на преговарачката рамка за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, Олбрајт рече:

    „Трагедија е што Бугарија го искористи членството во ЕУ да ја блокира Северна Македонија да ги почне преговорите со Унијата за добивање внатрешно-политички поени“.

    „Корупцијата е сериозен проблем, а националистичките лидери и натаму играат на картата на национализмот и ги потпалуваат страстите“, рече Олбрајт и ѝ препорача на новата администрација на Бајден да воспостави поцврста соработка со Европската унија во која шест земји од Западниот Балкан сакаат членство.

    „Потребно е да се зголеми соработката против корупцијата која се одразува врз политичките институции и го нарушува владеењето на правото во регионот. Стратегијата треба да помага поединечни држави во реформите и да ги наградува, но и да извршува притисок врз оние кои не спроведуваат реформи“, изјави поранешната државна секетарка во Претставничкиот дом на Сенатот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира