ТРАЈКО ЕКСПРЕСНО ЗАКАЖА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ВО 16 ЧАСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРАЈКО ЕКСПРЕСНО ЗАКАЖА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ВО 16 ЧАСОТ

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски штотуку закажа седница на Собранието за денеска во 16 часот. Собранието, по времената одлука на Уставниот суд од изутрина да се стават под мраз двете одлуки за распуштање, а автоматски со тоа датумот за избори петти јуни, активностите на ДИК за подготовка на изборите, како и изборната кампања, продолжува да работи како ништо да не се случило.

    Собранието продолжува, всушност, онаму кај што застанало. Вељаноски ја закажал 101-та собраниска седница.

    “Како претседател на Собранието, имајќи го предвид решението на Уставниот суд од денес, врз основа на моите надлежности дефинирани со Уставот, денес во 16 часот за закажувам 101-та седница на Собранието“, наведува Вељаноски во соопштението.

    Натаму, тој предочува дека Парламентот е местото каде што се развиваат демократските процеси и ги повикува сите пратеници, независно од политичката определба, како шпо наведува, да учествуваат активно во развојот на демократските процеси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари