ТРИ ОД ПРЕДЛОЗИТЕ НА НИМИЦ СЕ НА МАСА, ДОГОВОРОТ Е ПРАШАЊЕ НА ДЕНОВИ, ВЕЛИ КОЅИЈАС

    ТРИ ОД ПРЕДЛОЗИТЕ НА НИМИЦ СЕ НА МАСА, ДОГОВОРОТ Е ПРАШАЊЕ НА ДЕНОВИ, ВЕЛИ КОЅИЈАСКоѕијас кажа преговорите не се пропаднати и дека е потребно малку трпение. - Министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вели дека преговорите за името не се пропаднати и прашање е на денови кога ќе бидат надминати преостанатите проблеми.

    „Секако, никогаш не вели никогаш. Сè додека не се потпише договорот, нешто што верувам дека ќе биде во наредните неколку дена, потребно е малку трпение“, кажа Коѕијас во интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ.

    Тој не сакаше да каже конкретно име, но откри дека од петте предлози на посредникот Метју Нимиц, три се уште на маса: Нова Македонија, Северна Македонија и Горна Македонија.

    Претходно, портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос кажа дека премиерот Алексис Ципрас го чека македонскиот колега Зоран Заев да му се јави.

    „Грчката страна чека на Зев да го направи решавачкиот чекор за да дојдеме до договор. Топката е на нивен терен“, рече Ѕанакопулос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира