На Клиниката за ортопедски болести при Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за една недела се направени се три успешни имплантации на коскени ткива од починат дарител кај пациенти со различни заболувања. Меѓу пациентите е и 16-годишна девојка со повреда добиена при спортски натпревар, кај која д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор, соопшти Министерството за здравство.
Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри во септември 2020, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кого се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат дарител направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.
Третата трансплантација е кај 27-годишен пациент со малигната болест Јуинг сарком. Откако отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат дарител.
Од Министерството за здравство соопштија дека за период од една година, колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзвикани од трауматски повреди или од малигна болест. Со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата. За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат дарител значи можност за нов и подобар живот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА