ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО УБИЕНО ВО ДЕБАР

    ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО УБИЕНО ВО ДЕБАР

    Тричлено семејство е убиено во Дебар ноќта во 3 часот на 26 август. Смртно се застрелани маж (54), сопругата (53) и нивната 14-годишна ќерка. Убиството се случило во нивната семејна куќа на улица Први Мај, со пиштол, а полицијата вели дека не е познат мотивот и дека трага по убиецот.

    Семејството било на времена работа во Италија.

    Полициската станица од општа надлежност во Дебар за убиството добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш пристигнала, но лекарот само констатирал смрт.

    Јавното обвинителство од Гостивар врши увид на местото на убиството, а СВР Охрид најави повеќе информации подоцна во текот на денот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира