ТРИУМФАЛНА ПОВТОРНО БОЈАДИСАНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРИУМФАЛНА ПОВТОРНО БОЈАДИСАНА

    Шарените револуционери повторно ја бојадисаа Тирумфалната капија и испишаа „Слобода“ на фасадата. Тие застaнаа во паркот „Жена – борец“ оти им е ограничено движењето поради протестот на демонстрантите од aлбанската опозиција кои се веќе пред Влада.

    Во паркот „Жена – борец“ се пуштаат бомби на опозицијата и се скандира „Слобода, слобода“.

    По повод 9 мај, Ден на победа над фашизмот на демонстрантите им се обрати претставник на Сојузот на борци. „Да се поклониме пред милионите жртви на фашизмот, да бидеме будни и да не дозволиме уште еднаш да се случи она што се случи“, рече тој.

    „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ е мотото на денешните протести на антивладините демонстранти.

    Против фашистичките елемнти во владеењето на овој режим, како што вели граѓанското здружение „Протестирам“, денес се протестира во Берово, првпат, во Скопје, во Кичево, во Штип, во Крива Паланка, во Велес, во
    Кавадарци, во Струмица, во Прилеп и во Битола.

    Вечерва за поддршка на СЈО и за поголеми права, почит и достоинство на албанското население во земјава и за запирање на политички монтираните случаи протестира и Опозицискиот совет на Албанците. Тие од Чаир со скандирање „Демократија“ и „Али предавник“ стиганаа пред Влада.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари